Совршен есенски десерт: Бомбици од костен со мало изненадување од внатре (РЕЦЕПТ)

30 октомври, 2020
img-20201025-112045-764

Сезоната на костени е во полн ек, затоа искористете ја оваа вкусна шумска храна и направете вкусни топчиња со изненадување што вие и вашето семејство ќе ги изедете со брзина на светлината.

Пире од костен можете да направите сами ако сварите и исцедите костени, а може да го купите и во вашата продавница.

Имајте на ум дека купувањето пире од костен содржи додадени шеќери и други состојки, така што секогаш е подобра опција да направите домашен производ дома. За овој рецепт ви треба малку трпеливост и некои состојки.

Состојки:

200гр пире од костени

2 лажици сируп од кокос

2 лажици рум

1 лажица путер од кикирики

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки освен путерот од кикирики во смеса која потоа ќе ја распоредите помеѓу две фолии и ќе ја истенчите. Подигнете ја горната фолија и исечете ја смесата на коцки со саканата големина. Оваа количина е доволна за 25 парчиња. Користете лажичка да земете малку путер од кикирики, ставете го на средина на коцката и обликувајте топче. Добро изладете и прелијте со сируп од кокос пред сервирање.

escort - Korsan taksi