Совршен ручек за малку пари: Потребни се само три состојки

28 април, 20200
рецепт

Ако сакате вкусен и кремаст оброк, а да не е прескап, овој рецепт ќе ве воодушеви.

За да го подготвите ова јадење ви требаат само три состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 2 ќесички супа од печурки
  • 1 литар павлака за готвење

Подготовка:

Пилешкото треба да се исечено на стекови. Посолете го секое парче и полијте го со масло, оставајќи го да се маринира околу еден час. Ако имате време, може да го оставите подолго, бидејќи станува помеко.

Потоа, наредете го месото во тава за печење и ставете  малку масло. Преку пилешкиот стек, ставете ја супата од печурки и павлака.

Вклучете ја рерната пред да започнете со подготовка на оброкот. Печете на 200 степени околу половина час.

Ручекот е готов кога ќе добие убава жолта боја.

Идеално е да послужите со салата од свеж зеленчук и помфрит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi