Торта од компири: Брза вечера која ќе ги воодушеви домашните

11 август, 2020
компири

Состојки:

  • 600 гр компир
  • 2 дл млеко
  • 2 дл слатка павлака
  • 4 жолчки
  • 150 гр изрендано сирење ементалер
  • 50 гр путер
  • сол
  • морско оревче
  • 4 белки
  • 150 гр сечкана шунка

Подготовка:

Измиениот компир сварете го во лушпа, исцедете го и ситно исецкајте го или изрендајте го. Ставете ја и шунката. Загрејте ги млекото и павлаката, па пред да зоврие ставете го исечениот компир. Додајте ги жолчките, изренданото сирење и путерот и измешајте добро. Посолете па зачинете со морско оревче, сол и бибер.

Од белките и малку сол направете цврст снег. Половина од снегот измешајте го со смесата од компири, а другата половина измешајте ја со миксер. Земете голем сад за печење, премачкајте го со масло и наполнете го со смесата од компири.

Печете ја тортата на 200 степени околу 45 минути.