ЗАПИШЕТЕ ГО ОВОЈ РЕЦЕПТ! Еве како да направите топло ЧОКОЛАДО со црвено ВИНО дома!

15 декември, 2020
Topla-cokolada

Кога ќе го пробате, ќе бидете воодушевени

Топлото чоколадо е нашиот омилен пијалок кој не потсетува на детството. Но, што ако во тој пијалок се додаде црвено вино и сето тоа станува малку посериозно?

Подготовката е едноставна, а резултатот е фантастичен!

Состојки:

1,5 шоља млеко по ваш избор

1/3  шоља темно чоколадо

1 шоља црвено вино

Декорација по желба- шлаг, рендано чоколадо и сл.

Подготовка:

Сварете го млекото и темното чоколадо на средна топлина. Мешајте додека смесата не стане густа и кремаста и состојките не се соединат. Додадете црвено вино и продолжете да мешате. Кога сè ќе се собере, тргнете го од оган, истурете го во чаши и додадете го преливот или украсете по желба.

escort - Korsan taksi