Џејн Фонда повторно вежба! Објави и видео на TikTok.

7 април, 20200
glavna slika (1)

Познатата актерка, на своите 82 години се промовираше на TikTok со вежбање. Таа го објави првото видео со цел да се поттикне размислувањето за климатските промени.

Здраво на сите на TikTok! Јас се викам Џејн Фонда и се вратив со новата серија „Вежбајте со Џејн Фонда“ –  напиша познатата актерка на оваа платформа, која стана икона за вежбање и здрав начин на живот во 80-тите години, објавувајќи го првото видео на оваа мрежа.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО:

Таа вели дека со нејзиното враќање на социјалните мрежи, сака да ги охрабри луѓето да започнат да размислуваат за кризата низ која минува светот заради климатските промени.

Таа, заедно со покровителството на американската компанија Greenpeace секој петок ќе објавува вежби под називот “Fire Drill Friday“ и ќе објаснува како можеме да придонесеме за намалување на загадувањето што предизвикува климатски промени.

Без разлика дали сте на каучот, или на подот, на вашата подлога за вежбање јога, придружете ми се на вежбање во петок, затоа што иднината ни треба. Ми требаш и ти. – рече актерката, која неодамна наполни 82 години, но сепак е многу витална и активна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi