Како Роман Абрамович ги воодушеви сите во Британија? Прав мангуп дефинитивно :)

10 април, 20200
Roman-Abramovic

За разлика од некои англиски клубови кои ги намалуваат платите за играчите и отпуштаат работници, лондонскиот премиерлигаш на Челси реши да ги задржи сите фудбалери и вработени и да им исплати целосни плати.

Рускиот милијардер и сопственик на Челси, Роман Абрамович, уште еднаш ги воодушеви британската, но и светската јавност со своето однесување за време на пандемијата на коронавирус.

Тој претходно, клупскиот хотел на стадионот „Stamford Bridge“, го даде на располагање на медицинските лица кои се борат со коронавирусот.

Клубот плати голема сума за борба против коронавирусот, но и им помогна на домовите за жртвите на семејно насилство.

Поточно, за време на пандемијата во Велика Британија, бројот на злоупотреби на жени и деца и барања за помош се зголеми за 25 проценти. Да додадеме дека минатата година 1,6 милиони жени во Велика Британија страдале од форма на семејно насилство.

Челси исто така започна серија курсеви преку интернет за да им помогне на децата во време кога се затворени во домовите поради пандемија.

Според англиските медиуми, Абрамович изгубил дури 2,5 милијарди евра за време на кризата со коронавирусот.

Неговото богатство се проценува на околу десет милијарди евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi