НЕВИДЕНО ДОСЕГА!!!Таа е првата жена фудбалер што ќе игра во Машка Екипа! (Видео)

7 август, 2020
фудбалерка

Фудбалскиот сојуз на Холандија (KNVB) и дал дозвола на фудбалерката Елен Фокема да игра натпревари заедно со мажи!

Фокема има 19 години, а добила дозвола да настапува за четворолигашкиот Фоарут. На тој начин тинејџерката има прилика да стане првата сениорка која заиграла за машка фудбалска екипа.

Досега фудбалерките имале право да настапуваат за аматерски екипи во помлади категории.

“KNVB се зазема за разновидност и еднаквост. Уверени сме дека во фудбалот мора да постои простор за сите, а од нејзиното искуство ќе видиме дали ќе ги менуваме правилата”, изјавил развојниот директор на KNVB Арт Лангелер.

“Ова е фантастично. Со овие момци играм од петтата година и би била разочарана ако не можам да продолжам да играм со нив”, изјавила Фокема.