Зошто Новак Ѓоковиќ се опоравува различно од останатите спортисти?

13 мај, 2020
новак

Професионалните спортисти се соочуваат со воспаленија кои тие гледаат што побрзо да ги спречат. Најчесто за тоа користат мраз. Исклучок од оваа шема на бил ниту Новак Ѓоковиќ.

Но, подоцна тој рекол дека човекот кој го измислил овој начин на “лечење” на спортски повреди, по некое време ја повлекол теоријата и рекол дека таа не важи.

Сè уште сме сведоци како на спортски натпревари спортистите држат мраз на колениците или на зглобовите. А тоа го правел и Новак.

Како што ја променил исхраната, така шампионот ја променил и оваа навика, па го оставил организмот да се опоравува по свое темпо. Тој смета дека воспалителниот процес е нормален, а со тоа што спортистите ставаат мраз само го одложуваат комплетното зазадравување.

Теоријата за ставање мраз му била чудна и на еден професор, бидејќи ладното ги собира крвните садови и на тој начин се спречува доводот на храна и кислород кои треба да го “поправат” вопспалениот дел на телото.

Oд друга страна, кога се става мраз се поттикнува реакција на органзимот кој после половина час почнува да се брани од ладното и праќа дополнително крв која предизвикува уште поголем оток.