Актерот го искоментирал менталното здравје на претседателот Трамп:”не е здрав!”

29 април, 20200
кренстон

Брајан Кренстон своето мислење за Доналд Трамп го споделил на социјалните мрежи, кое било поврзано со различните одлуки на претседателот во борбата против Ковид-19, а особено за неговата последна изјава на темата.

Трамп предизвикал полемики околу тоа дали средствата за дезинфекција во домаќинствата можат да се пијат против коронавирус. Коментарите на претседателот ги натерало компаниите за производство на средства за дезинфекција да излегуваат со соопштенија во кои кажуваат дека потрошувачите не смеат да конзумираат никакви производи бидејќи истите се отровни.

По изјавата на Трамп бројката на граѓани кои конзумирале избелувач се зголемила двојно.

Кренстон на својот Твитер профил напишал дека повеќе не верува дека Трамп е здрав.

“Престанав да се грижам за менталното здравје на претседателот. Не е здрав. И сознанието за неговата болест не ме исполнува со лутина, туку со длабока тага. Она што сега ме загрижува е менталната состојба на секој оној кој може да го поддржи овој длабоко проблематичен човек да ја води нашата земја.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi