Се отвара ли уште една пандорина кутија? Косово е Српско- Sky News денес!

24 април, 20200
2207119_screenshot-6_ls

Пападопулос рече дека Србите никогаш нема да му простат на американскиот естаблишмент за три месеци дивјачко бомбардирање.

Водителката на “Sky News“ постави прашање на британскиот новинар Маркус Пападопулос за Косово и Метохија.

Тој на одличен начин објасни зошто Косово е српско, а не албанско.

Водителката беше заинтересирана за тоа што ќе му препорача на претседателот Трамп кога станува збор за „сагата на Србија и таканареченото Косово“. Новинарот веднаш зазеде јасен став. Тој истакна дека е потребно прво да се земат во предвид историските корени на проблемот.

Историското име на Косово е Косово и Метохија. Косово и Метохија е српска провинција уште од средниот век, а „Метохија“ значи земја на црквата. Таму српските цркви и манастири се стари повеќе од 1.000 години и е многу важно место за христијанството воопшто, објасни Пападопулос.

Косово што го гледаме денес е незаконски изработен ентитет, проект на НАТО кој стана легло на организиран криминал во последните 20 години, пред се со трговија со дрога, оружје и трговија со луѓе. Најголемите светски организации за борба против криминалот, вклучително и интерпол, се борат со овој факт – рече Пападопулос.

https://www.youtube.com/watch?v=aKZAbxgf9vY&feature=emb_title

„Таканаречената Република Косово е познато дека е хероинска република“, истакна тој.

Пападопулос исто така рече дека Србите никогаш нема да му простат на американскиот естаблишмент за три месеци дивјачко бомбардирање.

„Американците ја поддржаа официјално распуштената, но неофицијално оперативна ОВК, ‘рбетот на организираниот криминал што ја претвори провинцијата во засолниште за дрога и трговија со луѓе“, заклучи Пападопулос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi