СУДИРОТ ТРАЕ: Црна Гора бара објаснување од Србија како успеала да излекува 4.000 пациенти за еден ден

9 јуни, 20200
srbija

Институтот за јавно здравје на Црна Гора, по објавата дека Белград за 24 часа излекувал над 4.000 заболени од коронавирус, до колегите од Србија ќе упати барање за објаснување.

Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора за „Антена М“ рекле дека со почитуање на препораките на ЕУ, олабавувањето на мерките и отворањето на границите мора да се врши постепено и врз основа на научно засновани докази и факти.

Предложиле отворањето на границите во другата фаза од борбата против Ковид-19 да се врши кон оние земји што имаат мало епидемиолошко ниво на ризик, кое е поставено на 25 активни случаи на 100.000 жители.

Како што наведуваат, со оглед на тоа дека неколку држави во светот не го пријавуваат бројот на оздравени случаи, па поради тоа, за нив не било можно да се пресмета бројот на активни случаи, па Институтот преку вообичани стручни канали замолил за појаснување од колегите во тие држави за да се обезбеди сите патници во меѓународниот сообраќај да имаат еднаква можност да допатуваат во Црна Гора почитувајќи го дефинираниот епидемиолошки услов.

Барање со исто објаснување ќе биде испратено и до Институтот за јавно здравје на Србија, велат од црногорскиот институт за јавно здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi