Еве на што нè научи коронавирусот: не е време за опстанок, време е за почеток на нов живот!

9 април, 20200
zivot

Заспавме во еден свет, а се разбудивме во друг. Светот се промени. Поклоничките места се празни: Мека, Ѕидот на плачот и другите места…

Се чини дека Бог не е веќе надвор или на одредени места, тој е горе! Јасно ни го дава тоа на знаење од празните свети места. Но Бог можеме да го пронајдеме внатре: во домот и во нас самите.

Пандемијата покажа дека 90% од професиите и активностите не се обврзувачки, дури и бескорисни. Време е да го откриеме својот потенцијал, нешто што навистина има смисла, а не нешто нападно и насилно.

Дојде време да ја откриеме и задачата на нашата душа. Не е време за опстанок, време е за почеток на нов живот!

Дизниленд повеќе не е магија, Париз повеќе не е романтичен, рестораните и трговските центри повеќе не се толку важни, Кинескиот ѕид не е толку атрактивен.

Сега е очигледно дека нас тие работи не не забавувале, туку ни го одвлекувале вниманието, бидејќи биле многу. Ни го одвлекувале вниманието од нас самите. Но сега има време за вистински работи. Сега сите сфаќаме која е најважната работа. Душата!

Сега ги разбираме домашните миленици. Ги разбираме како се чувствувале затворени во 4 ѕидови по цел ден. Малку е веројатно дека по завршувањето на карантинот луѓето ќе продолжат да ги држат затвотени кучињата и мачките дома. Затоа што сега знаеме како е да се живее таков живот.

Природата нам не постави на вистинското место!

Личната комуникација стана луксуз и забранет плод. Сега знаеме колку е драгоцена. За да ја почитувате природата, личната комуникација не ја менувајте со онаа преку Интернет.

Тоа што не ги посетуваме родителите и роднините сега стана манифестација на грижа и љубов. Сега разбираме колку ни се важни, колку тие навистина не сакаат. Така што по карантинот треба да поминуваме почесто време заедно.

Одземено ни е она што не сме го ценеле.За неколку денови сфативме дела луксузот, убавината и парите не вредат ништо, зашто кога немаш воздух- ништо друго не е важно.

Сите се еднакви. Сите се во истиот брод. А она што е навистина драгоцено, не е она за што сите трагале.

И додека сме сите затворени, природата се лечи…

Природата станува поубава, почиста, поскладна. Со затворањето дома, Бог ни стави на знаење дека ние не сме и потребни на природата. Нам ни е потребна природата, а не ние на природата.

Кога еднаш ќе се вратиме во светот, можеби треба да запаметиме дека ние сме гости на оваа планета, а не нејзини господари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi