Француската армија уби лидер на ал-Каеда

6 јуни, 20200
ертгѕхј

Воените сили на Франција го убија Абделмалек Друкдел, командант на Ал-Каеда на исламскиот Магреб (AQMI) во северен Мали, соопшти доцна синоќа француското Министерство за одбрана, а агенциите известуваат утрово. Министерот за одбрана, Флоренс Пари, на Твитер објави дека француските вооружени сили во четвртокот на 3 јуни „го неутрализирале Друкдел и неколку негови блиски соработници“ за време на операцијата во северниот дел на Мали, во Таландак, северозападно од градот Тесалита. Според ООН, Друкел го презел раководството на исламистичката терористичка група Магреб ал-Каеда, поранешна салафистичка група за проповедање и борба, во 2004 година. Тој организираше многу терористички напади Групата има за цел да ги дестабилизира северноафриканските држави како Тунис, Мали, Мавританија, Алжир и Буркина Фасо преку напади и киднапирања, а Ал-Каеда се приклучи во 2006 година.

Под водство на Друкдел, АКИМ изврши серија терористички напади, вклучително и на полициските станици, владината палата и зградата на ООН во Алжир. „Честитки и благодарност до сите што ги олеснија и спроведоа овие смели операции, што им нанесоа сериозен удар на овие терористички групи“, објави Пари. Поранешната колонијална моќ Франција се уште е присутна во Западна Африка. Во февруари, француската антитерористичка мисија Баркан беше зголемена на околу 5.100 војници. Воените сили се фокусирани на проблематичната област помеѓу границите на трите држави, Буркина Фасо, Мали и Нигер, која служи како засолниште за исламистичките екстремисти кои редовно го напаѓаат цивилното население.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi