ИСКУСТВАТА ПОТВРДУВААТ: Користењето на стероиди ја намалува смртноста од корона вирусот

20 јуни, 20200
korona b

Во раните прогнози на стручната јавност, Португалија беше обележана како жариште на корона вирусот и земја што ќе биде уништена од епидемијата. Но времето ги демантираше стручните прогнози, затоа што со малку повеќе од 38 илјади потврдени случаи и 1.524 смртни случаи, Португалија е земја со најмала смртност и најмал број хоспитализации по главен град во ЕУ.

Ова го објави универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, пренесува CNN, а една од причините за релативниот успех на Португалија во борбата против смртоносната епидемија може да биде употребата на стероиди во третманот на пациенти со потешка клиничка слика.

Неодамнешните истражувања од британскиот Оксфорд Универзитет покажаа дека употребата на стероиди при третман на тешка пневмонија може да ја намали смртноста кај хоспитализирани пациенти.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера исто така објави дека употребата на стероиди во терапијата на пациенти заразени со корона вирусот може да биде значаен чекор напред во третманот на Ковид-19.

– Во меѓувреме, во Универзитетскиот клинички центар во Лисабон, лекарите со месеци користат стероидна терапија, тврди првиот човек на единицата за интензивна нега, Нуњо Џермано.

„При користење на кортикостероиди, односно со т.н. кортикостероидна терапија, забележавме подобрување на општата состојба на пациентите по само 3 дена и значително закрепнување на респираторната функција. Вештачката вентилација на пациенти во нашата земја не надминува 10-11 дена“ – истакна португалскиот лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi