Пандов: Заев гaзи преку лeшeви поради стpaвот од пораз на избори

11 јуни, 2020
zajko

Според аналитичарот Александар Пандов, Зоран Заев инсистира на брзи избори зошто неговиот рејтинг е во слободен пад поради погрешните политики, а стравот од поразе огромен. Во интервју за „Инфомакс“, Пандов посочува дека логиката на Заев е дека што помалку луѓе ќе излезат гласање, толку помал ќе биде поразот за СДСМ. Tокму поради oваа причина Заев бара брзи избори надевајќи се дека поради пандемијата голем број граѓани нема да излезат на гласање.

Стравот од огромен пораз, е главната причина што Заев го тера да гази и преку лешеви. Нему му е апослутно јасно дека народот жестоко ќе го казни поради сите понижувања и газење на националното достоинство. Заев знае дека срамниот договор од Нивици по кој ни беше сменто уставното име Република Македонија или пак уште пострашниот договор со Бугарија со кој им ја поклони целата македонска историја и култура, се работи за кој народот не простува. Но да е само тоа, да ве потсетам дека во моментов Македонија е прогласена за хибриден режим во кој царува корупцијата и криминалот, а вербата во македонските институции никогаш не била пониска. Бранот на кој јаваше Заев и неговите шарени #НемаПравдаНемаМир, стана за потсмев. Рекетари како Боки Тредичи и Катица станаа трејдмарк на заевата Влада. Со вакво судство и обвинителство во овие неколку години не остана патриот и родољуб во државава, а да не е на робија или со кривични пријави малтретиран на рочишта по судови, најчесто за вербален деликт. Странска инвестиција заборавивме како изгледа, напротив и тие што работеа сега почнаа да затвараат и да испуштаат вработени. Македонија никогаш не била повеќе задолжена и во поголеми долгови. Сето ова го знае Заев и верува дека во ситуација на страв кај народот за сопственото здравје и живот, многу мал број на луѓе ќе излезат на гласање. Што помалку луѓе на гласање, толку помал пораз за СДС, вели тој.

Пандов жестоко го критикуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој според него заедно со Жарко Караџовски се главните виновници за катастрофалната здравствена состојба со коронавирусот во Македонија, посочувајќи дека во нормална држава досега тие ќе беа разрешени.

Кога говориме за Венко Филипче, мора да се потсетиме дека истот тој првично беше советник на Нино Тодоров, за да од позиција на министер како постигнувања во целово негово министерување, мене, а верувам и на народот единствено нешто што ми текнува за него се афери. Почнувајќи го мандатот со тендерот од 37 милиони евра за лабараториски тестови, потпишан од негова страна, а од другата како потписник фирма регистрирана недела дена претходно. Венковото име го слушнавме и видовме кога го лажеше народот како демек ја вакцинира својата шестмесечна внука, а уште послино блесна кога читавме како со Ден Дончев ја рекетирале бизнисменката Вера Иванова по 60.000 евра месечно. Секако дека уште долги години ќе се шепоти неговото име и кога ќе се спомене зборот Корона. Филипче и неговиот советник Караџовски ја направија Македонија рекордер во регионов по смртност од вирусот, а на Форбс сме рангирани како најнебезбедна земја во Европа! Да бевме нормална држава овие двајца до сега ќе беа разрешени, но за жал не сме, истакна Пандов.