На летовање во Грција нема да може да оди секој! Еве кои туристи се добредојдени!

23 мај, 2020
grcija

Туристичката сезона ќе започне на 15 јуни и ќе се применуваат сите здравствени протоколи за безбедност и на граѓаните и на туристите. Можно е и тестирање на посетителите по случаен избор во текот на престојот во земјата.

Туристите ќе можат да ја посетуваат Грција од 15 јуни и тогаш се очекува доаѓање на туристи од околу 20 земји со добри епидемиолошки резултати.

Списокот на тие земји ќе биде објавен кон крајот на мај, а грчкиот премиер Мицотакис изјавил дека се работи за земји од Балканот, Балтикот и Северна Европа.

Првите туристи кои ќе ги прими Грција се од Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Полска, Северна Македонија, БиХ, Унгарија, Словачка и Чешка.

Предвидено е пловењето по грчките мориња да започне на 25 мај.

Камповите и хотелите кои вообичаено работат преку целата година ќе бидат отворени на 1 јуни.