На Трамп му се заканува катастрофа на изборите! Заради овие два фактора, ќе изгуби од Бајден?!

14 јуни, 20200
tramp zakana

Поради економски загуби среде пандемијата на коронавирус, но и протести за убиството на Џорџ Флојд, новиот изборен модел предвидува дека претседателот Доналд Трамп ќе ги загуби претседателските избори во ноември од демократскиот кандидат Џо Бајден.

Секоја голема медиска куќа во САД го дала своето предвидување за освоените гласови, а тоа можете да го видите на оваа табела:

Забележително е дека скоро сите го гледаат Бајден како убедлив победник, освен Фокс фаворизиран од Трамп, кој предвидува мала разлика:

Image

Стапката на невработеност е највисока од светската финансиска криза, приходот на домаќинствата е скоро 6 проценти под нивото пред вирусот, а привремената дефлација ќе ја направи економијата скоро непремостлива пречка за Трамп да победи во ноември, предвидува „ Oxford Economics “ во мај, врз основа на нејзините прецизни модели.

Додадете ги на тоа раширените протести против расизмот, започнати по бруталното убиство на афроамериканец од страна на бел полицаец и многумина сметаат дека Трамп го очекува катастрофа.

Пред коронавирусот, „ Oxford Economics“, која има силни резултати во предвидување на претседателските избори, во есента предвиде дека Трамп би освоил 55 проценти од гласовите. Во април, како што коронавирусот се прошири во Соединетите држави, моделот предвидуваше дека Трамп ќе земе само 43 проценти од гласовите на претседателските избори во 2020 година, според „ Washington Post “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi