Надал со изјава со која Новак и Федерер Шанса нема да се сложат!!!

27 април, 20200
надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кога станува збор за продолжување на  високиот тенис во „нормални услови“  во блиска иднина, гледа со голем песимизам поради пандемијата на новиот коронавирус.

„Јас сум многу песимист во врска со можноста дека би можеле да ги продолжиме тениските турнири нормално“, изјави уште еден светски тенисер во моментот.

Надал има освоено деветнаесет grand slam турнири, од кои рекордни дванаесет пати Roland-Garros (2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2017, 2017, 2018, 2019 година), и 2008 и 2010 година. Вимблдон, 2009 година Australian Open и 2010, 2013, 2017 и 2019 година US Open.

“Во тенисот мора да патувате секоја недела, да бидете сместени во различни хотели, да патувате во различни земји. Дури и ако турнирите се играат без гледачи на трибините, организацијата на турнирот бара учество на многу луѓе. Јас гледам сериозен меѓународен професионален проблем на највисоко ниво”, рече Надал.

Светскиот тенис е целосно парализиран уште од почетокот на март и сите турнири се суспендирани. Сезоната беше дополнително попречена со одлуката на организаторот Ролан Гарос да го презакажe турнирот поради пандемијата на коронавирус во септември и откажувањето на Вимблдон.

Надал реши да преземе активнo учество во хуманитарното поле во оваа криза и им се придружи на Новак Џоковиќ и Роџер Федерер од Швајцарија во иницијатива да формираат фонд за помош на пониско рангираните играчи во тешкотија за време на тениската сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi