Најголемиот аеродром на светот под себе крие мрежа од тунели на тајното братство – Илуминати

20 јуни, 20200
iluminati

Уште од самото отворање на Интернационалниот аеродром во Денвер во 1995 година, теориите на заговор за скриениот бункер на Илуминатите не престануваат.

Додека се доближувате кон аеродромот ќе ве дочека масивна статуа на див коњ, Blue Mustang, а приказната станува уште поморничава кога скулпторот Луј Хименез починал во 2006 година откако паднал од неа и ја пресекол артеријата на ногата.

Внатре во терминалот продолжува сличната иконографија- војни, апокалипса, религија, што и да посакате за да се исплашите.

Изградбата на аеродромот доцнела дури 16 месеци, а трошоците за работа го надминале предвидениот буџет за неверојатни 2 милијарди долари. Вкупниот трошок изнесувал 4.8 милијарди што е несфатливо многу за еден аеродром. Исто така, целиот проект генерално бил чуден затоа што Денвер веќе имал аеродром, многу пофункционален и сосема доволен за овој град.

И по 20 години подоцна сè уште не е јасно зошто и на што се потрошени толку многу пари?

Во меѓувреме, откриени се некои навистина бизарни работи.

На пример, пистите се направени на начин што формираат кукаст крст. Експертите велат дека распоредот е навистина необичен.

На самиот аеродром се наоѓа меморијална плоча со масонски симболи и со благодарница кон матичната организиација, Комисијата за аеродроми на Новиот Свет. Таа организација официјално не постои. Теоретичарите на завери секако сметаат дека се работи за Новиот Светски Поредок.

Многумина се убедени дека под аеродромот се крие мрежа од тунели и дека тука се потрошени сите тие пари. Постојат сведоштва на работници кои тврдат дека има скриени простории под градбата. Наводно, тоа се простории каде што би престојувала светската елита за да ја дочека и преживее апокалипсата.

Друга теорија е дека аеродромот претставува концентрационен логор кој наскоро ќе послужи за новиот холокауст.

Властите велат дека навистина постојат тунели, но дека тие се дел од железничкиот систем кој го поврзува аеродромот.

Целиот аеродром е исцртан со мурали на не толку познатиот Лео Тангум. А на сликите се прикажани сцени од апокалипса.

Погледнете ги сликите.

На проколнатиот коњ кој се наоѓа пред аеродромот деноноќно очите му светат со црвен сјај.

Уметничките дела морало да бидат одобрени од властите и разни институции, а најверојатно никој од нив не рекол- луѓе, па ова и не е баш нормално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi