Нека не ве лажат! Еве што ќе стори државата ако се заразите со корона за време на летувањето

3 јуни, 20200
101825402_588723125394162_8849978725580668928_n

Грчката влада е спремна да ги сноси трошоците за лекување за оние туристи кои за време на престојот во Грција ќе се испостави дека се позитивни на коронавирусот, изјави владиниот потпарол Стелиос Петсас. Тој додаде дека овие туристи ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе бидат на Грчката влада. „Ова сме го правеле и порано и така и ќе продолжиме“, изјави тој на прес конференција.

“Илјадници луѓе минаа низ карантин” нагласи тој потсетувајќи дека тестовите на Ковид-19 се прават веќе на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите престојуваат во хотел на еден ден додека ги добијат резултатите, и дека потоа во зависност од резултатот можат да останат во полабав 7-дневен или строг 14-дневен карантин ако се позитивни.

  • “Ќе продолжиме на овој начин со една разлика. Очекуваме далеку помал број на заразени, дури се надеваме и дека ќе нема такви случаеви, затоа што бројот на заразени во европските земји од кои очекуваме туристи постојано опаѓа. ” – додаде потпаролот. “Целта ни е да обезбедиме максимална сигурност и за граѓаните и за посетителите. ” – изјави Петсас. Меѓутоа, тој не објасни дали грчката држава ќе плати и за храната и лековите.

Министерството за туризам на Грција неодамна објави список на земји за чии посетители Грција ќе ги отвори границите на 15 јуни. За посетителите од овие земји нема да има тестирање за Ковид-19 и нема да има карантин. За 7 земји во понеделникот грчката управа за цивилно воздухопловство ја продолжи забраната за летови, како и обавезниот карантин за посетителите што не се од Европа до крајот на јуни. Државјаните на сите останати земји од 15 јуни ќе бидат прифатени без ограничувања, но може да бидат подложени на случајни тестирања затоа што на секој лет ќе има патници кои ќе бидат тестирани по случаен избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *