„Ништо друго не очекувавме“- Позади приказната за руската вакцина против Ковид-19 стои голема љубомора

13 август, 2020
8950771675e0b42aa2eb7e082176479_v4_big

Руската амбасада во Загреб смета дека љубомората стои зад сите приказни поврзани со руската вакцина против коронавирусот.

„Во последниве години, за што и да доаѓа од Русија секогаш се коментираше на многу критичен начин и за жал, оваа ситуација со вакцината не се разликува. Не очекувавме ништо друго“, изјави портпаролот на руската амбасада Дмитриј Малцев за хрватската телевизија РТЛ.

На прашањето дали ќе биде вакциниран кога ќе замине во Русија, Малцев одговори: „Да, сигурно“

„Бидејќи ќерката на нашиот претседател учествуваше во тестирањето и нашиот министер за здравство сега ќе ја преземе вакцината, не гледам проблем овде. Јас ќе го сторам тоа веднаш штом ќе пристигнам во Русија“, рече рускиот дипломат.