Нови докази за севернокорејската измама! Ким Џонг Ун на своите двојници им покажува оружје (видео)

8 мај, 2020
kim jong

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, некогаш беше снимен како разговара со двајца идентично облечени мажи – поради што ескалираат заговорите дека на отварање на фабриката пратил свој двојник.

Снимките од јули 2017 година, откриени од британските медиуми, го прикажуваат водачот на Северна Кореја како покажува нова ракета и разговара со „двојниците“.

Изгледа дека се со иста висина и големина, со идентично стилизирана коса, избричена на задниот дел и од страните, а тие носат костуми што одговараат совршено со оној што го носи нивниот водач.

Сето ова ги разгорува гласините дека Ким (36) неодамна користел резервна копија за да ги „спречи обидите за атентат“, за што International Business Times вели дека е добро познат факт.

Шпекулациите се засилија оваа недела по сликите на Ким кога се појави на сечењето на ленти на новата фабрика за ѓубрива во Пјонгјанг.

Тука се поставува прашањето кој е вистинскиот лидер Ким Џонг Ун?

https://twitter.com/LouiseMensch/status/1256444261756735488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1256445608220598272%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.nzherald.co.nz%2Fworld%2Fnews%2Farticle.cfm%3Fc_id%3D2objectid%3D12330451