ШОК ВО БЕЛГРАД НО И ВО РЕГИОНОТ! “Барам да ми простите, затоа што се качив на Српска Црква”- се обрати Албанецот што го пушти дронот во Белград на фудбалскиот натрпревар…

14 август, 2020
Annotation 2020-08-14 192643

Морина се огласи после долго време

Исмаил Морина го предизвика еден од најголемите фудбалски скандали во 2014 година, кога предизвика прекин на натпреварот Србија – Албанија, поради што заврши зад решетки.

Во 41. минута од натпреварот, тој лансираше дрон со знаме кое носеше мапа на таканаречената „Голема Албанија“. Судијата го запре мечот, а Стефан Митровиќ го спушти дронот, по што Албанците го нападнаа, сакајќи да го земат знамето.

Потоа дојде до гужва и втрчување на навивачите, судијата Мартин Еткинсон ја прекина играта, а подоцна беше откриено дека Исмаил Морина стои зад сè.

Многумина го видоа како национален херој во Албанија, бебињата добиваа име по него, а по затворот се врати во Италија, каде порано работеше и живееше.

Во еден момент, кога минувал низ Хрватска, еден тамошен граничар ја видел црвената потерница на Интерпол, поради што Морина заврши во најблискиот затвор во Дубровник.

Во новиот број на Неделник, беше објавена една изјава.

– Тие велат дека сум го навредил нивното знаме. Нивната вера. Не. Јас само ја покажав историјата. Нашите знамиња – рече Морина, кој попатно „побара само прошка затоа што се искачи на српска црква“.

Така, тој потсети дека се искачил на црквата на Светиот Архангел Гаврил, која била изградена помеѓу 1937 и 1939 година во чест на српските војници кои загинале во Првата светска војна.