ШТО ПИШУВААТ СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РЕКЕТ? БОКИ 13 ЈА НУДИ КУЌАТА НА НЕГОВИТЕ ЗА СЛОБОДА!?

10 јуни, 20200
boki 13

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 на кој му се суди заради сомневање дека со поранешната тужителка Катица Јанева во аферата “рекет” му зеле на бизнисмен 1,5 милиони евра, понудил кауција од 146 илјади евра! Како гаранција дека нема да побегне доколку биде пуштен на слобода тој ја понудил продавницата во центарот на Скопје и куќата во населбата Тафталџе.

– Немам намера да бегам бидејќи не се чувствувам виновен. Освен тоа, коронавирусот ги затвори државните граници, па е невозможно да се избега. Се чувствам нерамноправно со останатите обвинети бидејќи има такви со многу потешки кривични дела, па имаат подобар третман од мене- рекол Боки, барајќи по осми пат да биде пуштен да се брани од слобода.

Тој им кажал во судницата дека бил во притвор 11 месеци и потенцирал дека тоа не е рамноправно во однос на останатите обвинети во предметот.

За потсетување, познатата ријалити ѕвезда, по 11 месечен притвор се жалеше на лошата здравствена состојба, страв дека има коронавирус, но судот секогаш одбиваше да го пушти. Неодамна изјави и дека ќе се ангажира политички, а во обраќањето во судницата изјавил дека пред нив стои идниот лидер на Северна Македонија. Пресудата за “рекет” се очекува на 18 јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi