СНИМКАТА ОД ТРУЕЊЕТО НА НЕПРИЈТЕЛОТ НА ПУТИН ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ! Испил чај во авион, а потоа почнале ЈЕЗИВИ КРИЦИ! (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ)

20 август, 2020
Annotation 2020-08-20 200146

Лекарите се борат за животот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, на кого му се слошило во авион, откако, како што се сомнева, бил отруен. Настана општа хистерија на летот.

“Претпоставуваме дека тие го труеле Алексеј со нешто што го истуриле во чајот. Тоа беше единствената работа што ја испи утрово. Лекарите велат дека отровот се апсорбирал побрзо низ врела течност”, рече портпаролката на Антикорупцискиот фонд, Кира Јармиш.

Заменик-директорот на болницата во која е сместен Навални не ги потврди овие обвинувања, но рече дека лекарите, меѓу другото, се обидувале да утврдат дали труењето е причина зошто Навални е во тешка состојба.

Патниците кои биле во авионот што летал од Томск кон Москва тврдат дека на Навални му се слошило во текот на летото, поради што итно морале да слетаат во Омск.

Еден од патниците вели дека на Навални му било толку лошо што почнал да вреска од болка.

“Набргу откако полетавме, тој отиде во тоалетот и не излезе повторно. Тој врескаше од болка. Тој не кажа што точно му се случило, само врескаше. Слетавме во Омск, таму имаше брза помош”, рече Павел Лебедев за Sky News.

Според зборовите на Јармиш, Навални бил поврзан на респиратор, и сè уште е во несвест.

Главниот доктор на болницата во Омск, Александар Мураховски, за Спутник изјавил дека Навални е на интензивна нега и дека неговата состојба е сериозна.

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: