Го победиле коронавирусот, па развиле синдром на хроничен замор

19 август, 2020
depresija

Многу луѓе кои се опоравиле од коронавирусот развиле синдром на хроничен замор и посттрауматско стресно нарушување (ПТСД), изјави главниот унгарски епидемиолог.

Приближно 20 до 25 проценти од излечените развиваат синдром на хроничен замор (ЦФС), а 10 проценти од оние кои се лекуваат на интензивна нега страдаат од ПТСН, рече Јанош Славик, додавајќи дека многу други пациенти во Унгарија покажуваат знаци на ПТС по надминувањето на болеста.

Славик рече, пренесува агенцијата МТИ, дека маската треба да се носи на дисциплиниран начин и дека треба да се потсетуваат младите колку е можно повеже за важноста на таа мерка за заштита.

Младите треба да бидат свесни дека не се загрозена категорија, но со носењето маска ги заштитат оние што се и кои би можеле да се заразат.