Хаос во Мичиген: Вооружени демонстранти упаднале во Сенатот барајќи прекин на вонредната состојба, сенаторите сега треба да носат панцири! (ВИДЕО)

2 мај, 20200
Хаос во Мичиген: Вооружени демонстранти упаднале во Сенатот барајќи прекин на вонредната состојба, сенаторите сега треба да носат панцири! (ВИДЕО)

Вооружените демонстранти упаднаа во државниот сенат во Мичиген за време на оддржување на седница, барајќи крај на вонредната состојба, по што сенаторите одлучиле да носат панцири за време на седниците.

Претседателот Доналд Трамп исто така се огласи преку Твитер најгласувајќи дека демонстрантите во Мичиген се „многу добри луѓе“ и посочи дека гувернерката Гречен Витман, припадник на демократите, треба да постигне договор со нив.

„Гувернерката на Мичиген треба да им излезе во пресрет и да ја смири ситуацијата. Тие се многу добри луѓе, но се лути. Тие си ги сакаат своите животи назад. Нека се сретне и разговара со нив за да најдат компромис“, напиша американскиот претседател.

Портпаролот на полицијата во Мичиген изјави дека на демонстрантите им е дозволено да носат оружје во државата Мичиген, вклучувајќи го и Сенатот, сè додека тоа е во рамките на законите и се додека оружјето е видливо.

Вонредната состојба требаше да истече вечерва. Денес, гувернерката Гречен Витмер потпиша извршна наредба со која се става крај на старата вонредна состојба, а во сила стапува новата која ќе трае до 28 мај.

Во Мичиген повеќе од 41,000 луѓе биле заразени со коронавирус, а околу 4.000 починале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi