КАКО СЕ РАЗВИВА НАУКАТА: Одгледувале бебе и шимпанзо на идентичен начин, но после 9 месеци решиле да го прекинат експериментот

6 јуни, 2020
КАКО СЕ РАЗВИВА НАУКАТА: Одгледувале бебе и шимпанзо на идентичен начин, но после 9 месеци решиле да го прекинат експериментот

Психологот Винтроп Најлс Келог и неговата сопруга, далечната 1930 година направиле експеримент.
Одгледувале седмомесечно шимпанзо со име Гуа, заедно со нивниот девет месечен син Доналд. Воспитувањето било идентично.
За цело времетраење на експериментот Винтроп снимал. Гуа била третирана како помала сестра на Доналд.
За изненадување било што Гуа многу побрзо ги сфаќалс техничките работи – како држење чаша или лажица или снаоѓање во било каква едноставна работа. Но сепак била помалку независна од Доналд, и барала многу галење и поголемо внимание.
Винтроп планирал експериментот да трае пет години но го прекинал после 9 месеци.
Како причина ја навел разочараноста од Гуа што не научила да комуницира како човек.
Ја вратил Гуа во институтот од каде што ја земал, каде што само 6 месеци покасно, умира од запаление на плуќата.
Иако екпериментот не завршил, тој многу помогнал во студијата за Научен и Наследен развој.
За овој експеримент е напишана и книга од брачниот пар Келог, а оригинално видео од истиот видете во прилог.