Бил Гејтс се јави Вистина се јави: Што е тоа што никогаш нема да се врати во нормала според Бил Гејтс?

19 април, 20200
bil 2

„Нема целосно враќање во нормала додека не дојде до масовна вакцинација“, вели Бил Гејтс.

Ќе помине кризата со корона и вонредната состојба, но останува прашањето: Дали работите ќе се вратат во нормала, дали ќе бидат како порано?

Одговорот на ова прашање не може да биде ДА или НЕ, но сето тоа зависи од земјите и нивните одлуки, економските сектори, нашите навики, стравови, менталитет.

„Можеме да се отвориме повторно, на одреден начин, на почетокот на јуни ако работите се одвиваат добро“, вели Бил Гејтс. Но, додава тој, не станува збор за масовни собири и гужви во рестораните. Тој претходно рече дека очекува студентите и учениците да се вратат во училиштата во есен, но предупреди дека нема „опуштеност“ сè додека не се најде национална вакцина.

Сепак, тоа е уште далеку – најмалку 18 месеци. Основачот на „Мајкрософт“ вели дека до масовната вакцинација, работите ќе бидат полу-нормални, а тој зборува за неколку милијарди вакцини. Сепак, според негово мислење има нешто што нема да се врати на старо, дури и кога ќе се воведе вакцинација.

Тоа се деловните патувања. Тој вели дека ќе ги има, но помалку затоа што тие носат ризик. Од друга страна, тој верува дека дружењето ќе се врати во нормала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi