Мејведер поминува низ пекол! Најпознатиот спортист се откажал од ќерката!

20 април, 20200
mejveder

Познатиот американски боксер Флојд Мејведер се откажал од својата ќерка Ијана, по извршениот злочин од љубомора.

Ова се заклучоци на американските медиуми бидејќи Мејведер не се огласил по ова прашање, а потоа на Инстаграм ги избришал сите фотографии со Ијана, што според медиумите е јасен знак што најбогатиот спортист на светот мисли за неговата ќерка Ијана Мејведер.

За потсетување, Ијана на почетокот на април отишла во домот на нејзиното поранешно момче, раперот познат под името НБА Јангбој, со идеја да се смири со него, но откако таму ја затекнала Лапатра Џејкобс, веднаш полудела.

Настанала тепачка меѓу нив две, а Ијана зела два ножа и ѝ нанела два убоди на Лапатра во раката.

Кога стигнала лекарската екипа, тие ја затекнале Џејкобс како крвари на подот.

Таа е итно префрлена во болница каде што е оперирана. Истата вечер Ијана е уапсена, а против неа е поднесена пријава за напад со смртоносно оружје.

Доколку се докаже дека Ијана е виновна за обид за убиство, ја чека затворска казна која може да трае и до 99 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi