НАЦИСТИТЕ ТАМУ ГИ КРИЕЛЕ ПОДМОРНИЦИТЕ А ДЕНЕС ТОА Е МАГИЈА “ОД ИДНИНАТА” (Bидео)

9 јуни, 2020
НАЦИСТИТЕ ТАМУ ГИ КРИЕЛЕ ПОДМОРНИЦИТЕ А ДЕНЕС ТОА Е МАГИЈА “ОД ИДНИНАТА” (Bидео)

Подморничката база што ја изградиле нацистите за време на Втората светска војна во Франција, доби нова намена што е незамисливо за такво место.

Бункерите за подморска база, стари 78 години се претвори во најголемиот центар за дигитална уметност во светот.

Така во бункерот во Бордо со должина од 235 метри, 22 метри ширина и висина од околу 12 метри, е претворен во 45.000 квадрати неверојатен изложбен простор.

“Les Bassins de Lumieres” официјално ќе биде отворен на 10-ти јуни и ќе има постојана поставка иако досега веќе бил домаќин на неколку претстави и концерти.

Во фокусот ќе бидат дела на Густав Климт, Пол Кле и Ван Гог, а ќе бидат употребени стотици видео проектор за оживување на делата на овие познати уметници.

Овој простор функционирал меѓу 1941-ва и 1943-та година, претежно за криење на германските воени подморници.