Невидени сцени во Москва: бескрајни редици на возилата на Брза Помош пред болниците!

15 април, 20200
москва

На социјалните мрежи се појавиле снимки и фотографии на кои се прикажани долги редици пред московските болници и здравствените домови, пренесуваат светските медиуми.

Меѓу нив е и снимката на која се гледа редица на возила на брза помош пред една болница во Москва.

Лицето кое го објавило видеото во објавата навело дека ваков застој при прием на пациенти се правел наводно затоа што се испраќале по грешка пациенти во болници кадешто немало повеќе место.

Покрај тоа, на Фејсбук е објавена фотографија на која е фотографирана редица на медицински возила во едно московско предградие. Фотографиите наводно ги направил работник во итната помош.

Во Москва во последните 24 часа се отпуштени 179 пациенти од болница, вкупно 1016 до сега, изјавила заменик- градоначалничката. Таа напоменала и дека московските болници во просек отпуштаат околу 100 пациенти дневно и дека се надева дека овој позитивен тренд ќе се задржи и во иднина.

Московските власти најавиле дека во наредните десет дена уште 24 болници ќе бидат претворени во установи за лечење на пациенти заразени со коронавирус, кои ќе можат да примат 21 000 пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi