Нов концепт за седишта во авиони што ја намалува можноста за зараза!

26 април, 20200
61871855

Седиштата се именувани по римскиот бог на времето, карактеризирани со глава со две лица свртени на различни страни.

Со оглед на сегашните правила за социјално растојание, воздухопловство во светот е во исклучително тешка ситуација и има бројни иницијативи за неопходните промени што ќе следат по прекин на пандемијата на корона вирус.

Италијанската компанија Aviointeriors има решение. Поточно, тие воведоа нови седишта кои се дизајнирани за да може да се испочитуваат сите пропишани правила и патниците да не бидат во директен контакт.

Додека патничкото седиште покрај прозорецот и она од каде што мора да се помине остана непроменети, седиште во средина, пак, се сврте во спротивна насока кон останатите патници во истиот ред.

Покрај тоа, секое седиште кое го има името “Janus” е затворено од три страни со транспарентен материјал што ги изолира и создава заштитна бариера против можното пренесување на микроорганизми меѓу патниците.

Aviointeriors тврди дека седиштата можат лесно да се прилагодат на различни модели на авиони. Има повеќе класи на седишта, од економично, до бизнис и прва класа.Тие се изработени од квалитетни материјали што можат лесно да се чистат и дезинфицираат.

Дали некој навистина ќе ги користи овие седишта во авионите, вреди да се чека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi