Одобрен нов тест за корона: „Револуционерна ефикасност“

18 август, 2020
test

Американската управа за храна и лекови (ФДА) го одобри тестот на Медицинскиот факултет Јејл за тестирање на плунка и откривање на Ковид-19, кој е тестиран на играчи и вработени во НБА.

SalivaDirect, петтиот тест за плунка одобрен од ФДА за ковид, не бара брис и користи плунка на лица за кои постои сомнение дека имаат коронавирус, пренесува Ројтерс.

Комесарот на ФДА, Стивен Хан, тестот го нарече „револуционерен“, заради неговата ефикасност.

SalivaDirect се смета за евтина, поедноставна и помалку инвазивна метода за тестирање што не бара екстракција на нуклеинска киселина и може да се користат неколку лесно достапни реагенси.