4 август, 2020

Жена од Кина била шокирана кога видела зошто страда од силна болка во увото, и постојано слушала необичниот звук на гребење во внатрешноста на обвивката.

Имено, поради постојаниот звук што ја иритирало, но исто така и создавал неопислива болка, таа отидшла во болницата каде лекарите ѝ извадиле жива бубашваба од увото, која влегла додека спиела. Наведено е дека овој бизарен инцидент се случил на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, а лекарите објасниле дека лебарката ќе и го прободела ушното тапанче ако не се отстранила навреме.

Поради непријатното чешање, таа турнала ушно стапче во увото, што само ја влошило ситуацијата, а на крајот сепак морала да оди во болница.

  • Не можев да видам што има во моето уво, но чувствував лазење и гребење – изјави таа за локалните медиуми.

Лекарот што ѝ ја извадил лебарката ѝ рекол дека ова не е прв случај и дека тој имал два исти случаи пред само неколку часа. Затоа, тие ги советувале мештаните да користеле спрејови, таблети и друга заштита од бубачки и инсекти, за да не влегувале во нивните домови во текот на ноќта.

Остави коментар

Почетна // Top Story // „ОСЕТИВ КАКО НЕШТО МИ ЛАЗИ И ГРЕБЕ ВО ГЛАВАТА“, со страшни болки се јавила на доктор кој ѝ извадил БУБАШВАБА од увото (ВОЗНЕММИРУВАЧКО ВИДЕО)
Горе