ОВА Е ТИНЕЈЏЕРКАТА КОЈА ГО СНИМИ УБИСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈД! Немала поим каков ХАОС ќе настане во светот после тоа!

12 јуни, 20200
ubistvo

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд е вест која се прошири низ целиот свет. Видеото од полицискиот службеник Дерек Шовин како клечи со колено на неговиот врат беше исто така споделено со молскавична брзина, а малку е познато дека видеото е направено од тинејџерка.

Дарнела Фрејзер (17) шетала со својот деветгодишен братучед, кога застанала пред киоск за брза храна во Минеаполис и видела четворица полицајци како го извлекуваат афроамериканецот од автомобил.

– „Таа не знаеше дека ќе биде сведок и ќе документира еден важен настан во американската историја, убиство од страна на полицијата. Да не беше нејзината храброст, присебност и желбата да го објави видеото на Фејсбук, сите четворица полицајци сеуште ќе беа на улица и веројатно ќе ги тероризираа другите членови на нашата заедница“ – рече нејзиниот правен застапник Сет Кобин.

Дарнела воопшто не помислила дека видеото што го ќе го направи ќе го види цел свет и ќе предизвика протести насекаде. Кобин изјавува дека не сакала да биде херој, туку дека е само тинејџерка, студентка која постапила правилно.

„Таа е Роза Парк на својата генерација“, вели тој.

Дарнела само еднаш разговараше со јавноста откако беше објавено видеото. Тогаш таа потенцираше дека светот мора да го види она што таа го видела и дека таквите работи се случуваат премногу често.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi