Семејствата на починатите од коронавирус во Италија поднесоа тужби: Кога татко ми почина, заборавија да ни се јават

11 јуни, 2020
smesjtva

Роднините на починатите како последица од новиот коронавирус од Бергамо, градот во северна Италија кој беше еден од најпогодените од епидемијата, преземаа правни чекори во средата во потрага по правда за своите починати.

Станува за први активности од ваков вид во Италија, каде што епидемијата од коронавирусот однесе речиси 34.000 животи.

Членовите на здружението „Ќе тужиме“ (Noi Denunceremo), коешто настана од група иницирана на Facebook, поднесле 50 поединичени пријава до обвинителството во Бергамо.

Сите сме од подрачјето на Бергамо и сите имаме слични приказни, приказни за семејни трагедии, и сите бараме јасни и сериозни одговори од обвинителот“, изјави за италијанските медиуми фарамецевтката Кристина Лонгини, чиј 65-годишен татко починал во март од коронавирусот во болницата во Бергамо.

Кога се разболел, раскажува Лонгини, семејниот лекар одбил да го посети во домот, а возило на итната помош не било достапно да го пренесе во болница. Кога конечно бил хоспитализиран, повеќе не можел да биде спасен.

Кога починал, заборавиле да ни се јават“, вели Лонгини.

Бидејќи немало место нејзиниот татко да биде погребан на некои од локалните гробишта, ковчегот со неговото тело заедно со десетици други со воен камион бил префрлен на непозната локација. Семејството на крајот открило дека таткото е закопан 200 километри подалеку, и тоа откако преку пошта им стигнала сметата за погребалните трошоци.

Правосудните власти треба да ги разгледаат тужбите. Тоа нема да биде брза истрага, бидејќи станува збор за чувствително прашање“, изјавила за новинската агенција Ansa адвокатката Консуело Локати.

Во тужбите се наведува дека сите семејстава преживеале од недостог на информации до недоволна грижа. Тужбите се поднесени против непознати лица, а во подготовка наводно се уште 150 пријави.