Семејството на Стивен Хокинг го подари неговиот респиратор на болницата во која се лекувал

24 април, 20200
hoking

Семејството на познатиот физичар Стивен Хокинг го донираше неговиот респиратор во болницата во Кембриџ, каде што тој се лекувал.

Познатиот научник почина во март 2018 година, на 76 годишна возраст, а животот го помина истражувајќи го универзумот. Уште во раната младост му била дијагностицирана ретка болест која му го парализирала целото тело.

“Семејството на Стивен Хокинг го донираше неговиот респиратор на болницата “Royal Papworth” во време кога лекуваме сè поголем број на пациенти од Ковид-19″, изјавиле од болницата во Кембриџ, градот во кој работел Хокинг.

Британската влада, соочена со недостаток од респиратори ги повикала компаниите да помогнат во производство на 1000 респиратори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi