СПАС ОД КОРОНА ВИРУСОТ И ПРЕД ВАКЦИНА: Лек со антитела како превенција за КОВИД-19

19 август, 20200
PREVENCIJA

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, истражени се можностите за користење на крвни елементи на пациенти кои страдале од КОВИД-19 при лекување на ново заразени лица.

Сепак, сега американската фармацевтска компанија Ели Лили ја тестира можноста за употреба на лекот врз основа на антитела и во превенција – додека се чека конечното производство на вакцината.

Исто како што функционираат природните антитела, така треба и овој имуноглобулин да го блокира вирусот.

Имено, додека вакцината дава „активен имунитет“ – го учи нашето тело да произведува само свои антитела, имуноглобулините обезбедуваат „пасивен имунитет“.

Така, трае само онолку колку што овие антитела остануваат во нашиот крвоток, што може да трае неколку недели или неколку месеци.

Студијата за тестот за новиот лек ќе вклучува 2.400 испитаници во Соединетите држави.

Доколку се потврди успехот на лекот, тој првенствено ќе им се понуди на здравствените работници и на некои од најранливите групи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi