Според новата студија, повеќето пациенти со Ковид-19 приклучени на респираторни машини на крајот починале

24 април, 20200
респираторна машина

Извештаите од најголемиот здравствен систем во Њујорк покажуваат дека 88 проценти од пациентите кои завршиле на апарати не преживеале.

Новите податоци од најголемиот здравствен систем во Њујорк покажуваат дека скоро сите пациенти со коронавирус кои биле приклучени на апарати за да им помогнат да дишат не преживеале.

Објавено во весникот на Американското медицинско здружение, студијата испитала електронски здравствени записи на 5.700 пациенти со коронавирус, кои биле третирани помеѓу 1 март и 4 април во Northwell Health, главен здравствен систем со 12 болници лоцирани во Њујорк Сити, Лонг Ајленд и Каунти на Вестчестер.

Од вкупно 2.634 пациенти чии конечни исходи биле познати, околу 20% од оние со Ковид-19 починале. Од 320 пациенти на кои им бил потребен респиратор за дишење, 88 проценти починале.

Студијата – која е најголемата анализа на хоспитализираните пациенти со коронавирусот досега – исто така, ја разгледа демографската состојба на болните пациенти како и основните услови кои би можеле да придонесат за сериозноста на вирусот.

Од оние кои биле заразени, 60% биле мажи, 40% жени и просечна возраст е 63 години. Мажите исто така почесто умрале од жените.

Многу од оние со заболување имале плус хронични заболувања – 57% имале висок крвен притисок, 41% биле со прекумерена телесна тежина  и 34% имале дијабетес.

„Од пациентите кои починале, оние со дијабетес со поголема потреба добиле инвазивна механичка вентилација или нега во ICU во споредба со оние кои немале дијабетес“, се покажало во студијата.

Податоците исто така покажаа дека само една третина од пациентите примени во болницата имале треска, симптом кој CDC го наведува како еден од најдобрите преткажувачи на вирусот.  

Во просек, повеќето пациенти биле отпуштени од болницата по четири дена, според студијата.

Од 23 април, потврдени се 257.226 потврдени случаи на коронавирусот во Њујорк и 15302 смртни случаи, според базата на податоци на Њујорк Тајмс. Низ целата земја, 834.340 се разболеле од овој ворус и над 42.000 луѓе починале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi