Светската здраствена организација ги руши приказните за короната – се е лага

5 јуни, 20200
korona

Местата кои порано беа полни со луѓе и енергија, сега станаа места на духови, со строги забрани, со блокади на градови, затворени училишта, ограничување на движење и забрана на масовни собирања. До сеа невидена глобална реакција на некоја болест. Може да помине одредено време додека се се врати во нормала, па можеби и цела година.

Секојдневно има нов бран на лажни вести во однос на пандемијата од корона вирусот. Од Facebook до Twitter често се појавуваат дезинформации, од тоа што го предизвикало заразувањето па се до тоа како да се спречи. Во најлош случај самите идеи се штетни, како на пример според последните информации во една покраина во Иран, повеќе луѓе починале откако испиле индустриски алкохол, наведени од лажните вести дека тоа ќе ги заштити од вирусот.

Во меѓувреме неколку информации беа демантирани како на пример дека сончевата енергија, топлата вода и пиењето поголема количина вода може да влијаат на короната. Фантастичните вести секој ден се проверуваат и СЗО секојдневно го надолопнуваат својата веб страна со цел да ги демантираат и отфрлат сите овие нови „лекови“.

Гордон Пеникок, водечки истражувач на Универзитетот во Реџина, Канада, на отсекот психолошка дезинформација, направил една студија во која учесниците ги замолил да погледнат микс од лажни и вистините наслови во врска со епидемијата. Потоа од нив побарал конкретна оцена за веродостојноста, а учесниците лажните вести ги прогласиле за вистина во околу 25 % од случаите.

Истражувачите како Пеникок користат алатка која се вика „когнитивен тест за рефлексија“, или ЦРТ, како би го измериле ова случување. За да дојдете до точно решение, мора да застанете и да ја премостите првата инстинктивна реакција. Поради тоа ЦРТ прашањата не се тест за жива инелигенција, колку што е тест за употреба на способноста да се користии интелигенцијата гледајќи на работите на смирен, аналитички начин отколку да се предадете на првиот инстинкт и реакција. Луѓето кои тоа не го прават, психолозите често ги нарекуваат „когнитивни циции“, бидејќи можеби поседуваат значителни ментални резерви но не сакаат да ги „трошат“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi