Умре од корона по тврдењето дека вирусот е „политичка измама“

22 април, 20200
67aae91f-7b6d-4653-ac11-92bf7baf8ed6

60-годишен Американец од Охајо кој тврдеше на Фејсбук дека коронавирусот е измама и дека карантинот е „глупости“ починал од коронавирус, пренесува New York Post.

Wон В. Мекданиел беше тестиран за коронавирус на крајот на март и беше позитивен на коронавирус минатата среда.

Само неколку недели пред да се испостави дека е заразен, Мекданиел на Фејсбук напиша дека коронавирусот е „политичка измама“, а карантинот е „глупости“.


„Дали некој има храброст да каже дека Ковид-19 е политички измама? За другар прашувам. Докажете ми го спротивното“, напиша тој.

„Ако, она што го слушам е вистина, ДеВин (гувернер на Охајо) нареди затворање на сите барови и ресторани. Јас велам дека тука нешто смрди! Тој го нема тој авторитет. Ако сте параноични дека ќе се разболите, не излегувајте. Вие не треба затоа да не спречите да ги живееме нашите животи. Ова лудило треба да престане “, беше уште една од неговите пораки.

Во Охајо, има 12,5 илјади потврдени случаи со коронавирус, а 491 лица починале. Мекданиел е првиот во својата област што умре од коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi