Уште едно чудо од корона вирусот: За прв пат по скоро 30 години, тие ја гледаат највисоката планина во светот

15 април, 20200
61866543-himalaja

Квалитетот на воздухот драматично се подобри во последните две недели откако индиската популација е ставена во карантин, намалено е индустриското производство како и количината на возила на патиштата.


Во северната индиска држава Пенџаб, луѓето ги гледаат Хималаите за прв пат по скоро 30 години. Поради загадувањето на воздухот, овој планински венец, оддалечен 160 километри од Јаландхар, конечно стана видлив, што луѓето ентузијастички го пишуваат на Твитер.

 “За прв пат во скоро 30 години, јас јасно можам да ги видам Хималаите како резултат на намаленото загадување на воздухот како резултат на карантинот поради корона вирусот. Тоа е едноставно зачудувачко”, напиша Манџит Канг од Јаландхар на социјалните мрежи, заедно со фотографии кои го поддржуваат ова тврдење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi