Вест која се чекаше два месеци: Во Италија, бројот на жртви падна под 200

17 мај, 20200
италија

Најновите информации од земјата која е една од најтешко погодените од епидемијата на корона вирусот.

Во последните 24 часа во Италија, починаа 153 лица од ковид-19, а тоа е најмал број на жртви од 9 март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Сепак, бројот на пациенти, 875, се зголеми од вчера, кога беа заразени 789 лица.

Вкупниот број на смртни случаи откако е програсена пандемија на 21 февруари е скоро 32.000, така што Италија е на третото место во светот по бројот на жртви на коронавирусот, по Соединетите држави и Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Постојат повеќе од 224.000 потврдени случаи, со што Италија е петта најзаразена во светот, по САД, Шпанија, Велика Британија и Русија.

 Денес 775 пациенти се на интензивна нега, триесет и три помалку од вчера. Од сите пациенти пријавени дека имаат коронавирус, досега се опоравиле 122.810.

Тестирани се 1.900.000 луѓе од 60 милиони што живеат во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi