(ВИДЕО) ВТОР ОБИД ЗА ЛАНСИРАЊЕ НА ДЕКАДАТА!

31 мај, 20200
1788517_epa-nasa01-epa-nasa-tv-handout_ls

Ракетата на милијардерот Елон Маск носи американски астронаути во вселената!

Американската вселенска агенција НАСА и приватната компанија „SpaceX“ успешно лансираа двајца американски астронаути во орбитата, од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Бенкен и Харли на овој историски лет, со ракетата „Фалкон 9“ на „SpaceX“ ,  требаше да тргнат во средата, но лансирањето беше откажано на 17 минути пред стартот заради лошите временски услови, пренесува „Гласот на Америка“.

Според извештаите на метеоролозите, временските услови денес не биле поволни, а администраторот Џим Брајденштајн твитнал дека шансите за полетувањете да се откаже е 50 проценти.

Доколку нема дополнително одложување заради временските услови или други непредвидливи проблеми, се планира ракетата да биде лансирана во 15.22 часот по локално време и да ги однесе Харли и Бенкен на 19-часовно патување до Меѓународната вселенска станица.

Американските астронаути ќе бидат во новата капсула „Crew Dragon“, на која ќе биде првиот лет во орбитата со екипаж.

Последниот пат кога НАСА лансираше вселенско летало со астронаути од Флорида беше во јули 2011 година. Пилот на таа мисија беше Харли

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi