Заработи повеќе од Безос, побогат е од Цукерберг

1 септември, 2020
elon

Eлон Маск го надмина по богатство на сопственикот на Фејсбук Марк Цукерберг и стана третата најбогата личност во светот.

Маск, кој стои зад Тесла и Спејс Икс, сега има 115 милијарди долари, додека Цукерберг има 4 милијарди долари помалку.

Она што е уште поинтересно е дека Маск го престигна Џеф Безос според растот на богатството во 2020 година. Имено, Маск од почетокот на оваа година заработи 87,8 милијарди долари, додека Безос го зголеми своето богатство за 87,6 милијарди во 2020 година, според индексот на милијардери на Блумберг.

Безос е сè уште најбогатата личност на светот со 202 милијарди долари, но брзината со која расте богатството на Маск е шокантна, пишува БизнисИнфо.

Растот на богатството на Маск е последица на растот на акциите на Тесла.

escort - Korsan taksi