Знаеме дека короната доаѓа од лилјаци, но антителата на друго животно би можеле да нè спасат

18 мај, 20200
корона

Истражувачите веруваат дека антителата од лама може да помогнат во заштитата на оние кои досега не биле заразени со вирусот корона, објави Гардијан.

Според студијата објавена минатата недела во научното списание „Cell“, антителата во крвта на ламата може да обезбедат заштита од корона вирусот. За разлика од луѓето, ламите имаат мали антитела кои можат да навлезат во протеините на вируси кои се премногу мали за човечки антитела, што им помага да се справат со заканата што доаѓа од нив. Истражувачите се надеваат дека антителата на лама може да им помогнат на луѓето кои сè уште не се заразиле со вирусот на корона.

Пред тоа е докажано дека антителата на лама можат да се борат со сарса и мерса, па затоа научниците сметале дека може да биде ефективно и во борбата против КОВИД-19. Ова се покажа како точно, барем на клеточно ниво, а следниот чекор се клинички испитувања, на кои истражувачите во моментов работат.

За сите љубители на ламите, оваа вест не е изненадување – овие животни се познати по улогата во лечење на разни болести, а неодамна е испитан и нивниот потенцијал во борбата против ХИВ и други вируси.

Покрај тоа, многумина веруваат дека исцелителната моќ на ламите оди подалеку од тоа на микроскопско ниво и дека овие животни имаат способност да ги смируваат луѓете и да се намали анксиозноста. Ламите и луѓето се природни сојузници, вели Џорџ Калдвел, кој одгледува лами во Сонора, Калифорнија.

Ламите остваруваат повеќекратни придобивки во животот на луѓето, дури и нивната крв е корисна за нас, посочи тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi