СВЕТСКИ ФЕНОМЕН! Планината гори цела вечност.. мештаните и се “молат со векови”.. позади се се крие СТРАШНА ВИСТИНА…!!

3 август, 2020
Annotation 2020-08-03 110704

Сместен на полуостровот Абшерон, 25 километри северо-источно од Баку, Јанар Даг, позната и како „планината што гори“, е рид на чив што врв се наоѓа џеб од природен гас што гори со децении – поточно, никој не се сеќава кога планината не горела.

Пламенот што излегува низ отворите на карпите е висок до три метри, а за разлика од другите слични локации во Азербејџан, Јанар Даг нема навлегување во кал или течна вода, така што пожарот никогаш не се гаси.

Десетметарскиот ѕид од оган, исто така, повремено се проширува на блиските извори познати како „Горечки извори“, каде водата е заситена со сулфур, а која може да се запали дури и со ќибритче, иако на прв поглед можеби изгледа потполно безопасна.

Најстарата вели дека порано на таа планина оделе болните луѓе за да умрат. Кога тие би починале, нивните тела би биле „изгорени“ од планината, така што овој оган всушност го симболизира вечниот пламен на старите души. Затоа здравите луѓе порано не сакаа да се качуваат на оваа планина.

Постојат многу други локални легенди за потеклото наногнениот ѕид. Во една приказна се вели дека еден пастир случајно запалил оган фрлајќи отпушпк од цигари, додека друга легенда вели дека пожарот го запалиле „интелигентните“ волци, кои исто така ги оставиле зад себе натписите врежани во ридот.

Научниците веруваат дека волците во овие приказни можеле да бидат примитивни луѓе кои случајно ја запалиле оваа планина полна со гас.

Денес, мештаните веруваат дека запаливата вода на Јанар Даг има лековити својства, поради што со часови ги држат нозете во неа. На околу 200 метри од планината, има и активен вулкан кој исфрла мешавина од кал и сулфурна вода, за која исто така се верува дека има лековити својства.

Бидејќи Јанар Даг гори без оглед на временските услови, мештаните ја сметаат планината за света. Тој е место за аџилак за азербејџанците, но и за посетителите од Индија и Иран.