СЗО открива зошто излечените пациенти се повторно позитивни на коронавирусот!

8 мај, 20200
вирус

Кон средината на март се појавија извештаи за поголем број на случаи на оздравени пациенти кои се повторно позитивни на коронавирус. Она што ги изненадило експертите е позитивниот тест неколку денови, па дури и недели по оздравувањето.

Се отворила дилема дали пациентот може да добие друга или трајна вирусна инфекција, или пак дали можеби тестовите не се добро направени.

СЗО одговара дека тестот на оздравените пациенти е позитивен не зашто се работи за нова инфекција, туку затоа што пациентите сè уште ги исфрлаат мртвите клетки од белите дробови, што е дел од фазата на закрепнување.

Луѓето заразени со вирусот создаваат антитела една недела по заразувањето. Но сè уште не е јасно дали телото гради доволно силен имунитет кој може да се одбрани од нов напад на вирусот и доколку успее, колку долго трае таквиот имунитет.

Епидемиологот Марија Ван Керое која е дел од програмата на СЗО објаснила што се мрвти клетки.

– Додека белите дробови заздравуваат, постојат делови од белите дробови каде што се складирани мртви клетки- тоа се деловите кои се позитивни. Тоа не е заразен вирус, ниту реактивација. Тоа е всушност, заздравување. Но дали тие имаат имунитет и се заштитени од нова инфекција, се уште не знаеме- изјавила таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi