Температура и кашлица може воопшто и да нема. 4 помалку познати, но сигурни симптоми на коронавирус.

9 април, 20200
маска

Коронавирусот има два главни симптоми од кои сите стравуваме: температура и сува кашлица. Но сепак има и други “атипични симптоми” кои можат да укажат дека сте заразени. Тие можат да значат почеток на болеста или примарни симптоми на инфекцијата.

1. Губење на осет за мирис и вкус

Медицински познато како аносмија, исчезнувањето на сетилото за мирис и вкус може да укаже на тоа дека сте заразени со новиот коронавирус. Свеста за овие показатели е од витална важност, бидејќи може да биде единствениот симптом.

2. Замор и болки во телото

Седењето дома заради изолација несомнено може да направи да се чувствувате летаргични, но сепак недостатокот на енергија може да значи и дека имате коронавирус. Чувството на омалаксаност може да биде пропратено и со болки во мускулите. Пациентите можат да имаат болки во грлото или главоболки. Всушност, и самото движење на очите може да биде болно.

3. Надразнети очи и течење на носот

Очите не само што можат да бидат уморни, туку може и да чешаат. Честопати тоа може да се помеша со сезонска алергија. Но може да значи и вирус

4. Стомачни проблеми

Нервозен желудник може да биде симптом за труење со храна, нетолеранција на храна, но и малку познат симптом на коронавирус.

Во некои случаи на заболени од коронавирис се појавува и мачнина и пролив.

Колку се сериозни овие симптоми?

Во моментов единствено признаени симптоми се висока температура и сува кашлица и тие во моментот се единствените симптоми поради кои е потребно болничко лекување.

Без разлика на се, многу е важно оние кои ќе имаат некои од симптомите да не излегуваат надво, да не посетуваат јавни места и да не влегуваат во супермаркет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi